(ВИДЕО) Елен ДеГенерис наполни 60. години: Светски ѕвезди и го честитаа роденденот а од сопругата доби неверојатен подарок

Елен ДеГенерес пред неколку дена го прослави 60. роденден, а по тој повод, Порша Де Роси, ненадејно се појавила во шоуто за да јавно и честита но и да го покаже нејзиниот подарок.
Подарокот е инспириран од херојот на Елен кој проучувал горили во Африка, Дајан Фоси, па благодарение на Порша, Dian Fossey Gorilla фондацијата ќе добие Ellen DeGeneres кампус, односно горилите ќе добијат дом во Руанда.
„Сега ќе можеш да ја продолжиш работата на Дајан како заштитник на овие прекрасни животни, планинските горили. Среќен роденден!“, беше честитката на Порша, што предизвика бура на емоции и солзи.


Иако најубавиот подарок секако го добила од сопругата, Порша, многу светски ѕвезди како Боно, Тејлор Свифт, Џенифер Анистон… и го честитале роденденот на познатата водителка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …