(ВИДЕО) Се појавила снимка од снимањето на „Игри на престолите“

Откако се дознало дека осмата сезона ќе се прикажува дури во 2019. година, на интернет се појавила снимка која открива многу за тоа како ќе се одвива дејствието во последната сезона.
Серијата фотографии и видеоснимки од имотот Moneyglass од Северна Ирска, каде се снима делот од серијата кој се случува во Острозимје, седиште на семејството Старк, покажуваат голем пожар. Unilad исто така пишува дека се видени повеќе од 200. статисти кои учествуват во сцената на битката.


Судејќи по тоа се чини дека во осмата сезона Острозимје ќе биде запалено, можеби и уништено.


GOT set on fire🔥

Posted by Steven McAuley on Mittwoch, 31. Januar 2018

Со оглед на тоа дека Старкови се повторно во Острозимје, а таму се упатиле и Џон Сноу и Денерис, не е неверојатно дека таму ќе се одвиваат повеќето акции.
Останува пршањето кој е одговорен за пожарот. Дали е тоа дело на Ноќниот крал, Даенерис и нејзините змејови или нааа Серсеи и преостанало малку див огин?
За тоа сепак ќе мораме да се стрпиме до април нреднта година кога се очекува премиерата на првата епизода од осмата сезона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …