Убавата Швеѓанка,Алисиа Викандер, нема лесна задача – во новото продолжуавње на славниот „Томб Рајдер“ го игра ликот на Лара Крофт. Со оглед на тоа дека пред неа Ангелина Џоли прекрасно ја играла ова улога на Викандер нема воопшто да и биде лесно.
Според фотографиите кои се објавени во пресрет на премиерата најавена за март, Лара во новото продолжување ќе биде уште пожестока отколку во времето на Ангелина, а на Алисиа навистина и стои „мачо“ лукот. Продукцијата очигледно не целела Ангелина да ја замени со физички слична глумица, а и старото оружје на Лара е заменето со лак и стрела.
“Откако бев девојче сонував дека еден ден ќе бидам дел од една голема авантура. Самата себе се туркав напред и преку овој филм конечно ми се оствари сонот“ рекла оскаровката Алисиа во недамнешното интервју.
„Ова е приказна за почетоците. За тоа како Лара станала хероина каква ја познаваме“ објаснила Алисиа.
Ако некој не се сеќава, вака Ангелина ја отелотвори култната Лара Крофт.