Циклонот над Македонија донесува дожд, силен ветер и услови за невреме со грмежи

Под влијание на силен циклон во сабота во Македонија ќе имаме облачно време со врнежи од дожд најпрвин на запад каде ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Најинтензивни врнежи ќе има во текот на утрешното саботно попладне и вечерта како и во текот на ноќта кон недела кога врнежите ќе се прошират насекаде. Локално ќе наврне ГОЛЕМА количина на вода (над 40 л/м2).
Снег ќе паѓа само на високите планини но со оглед на тоа дека температурите ќе опаѓаат ноќта сабота кон недела снежната граница ќе се спушти малку пониско и повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките места особено на западот и на северозападот каде снег е можен и на некои од повисоките населени места.
Ќе дува ЗАСИЛЕН повремено и СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од дури преку 95 км/час. Поради оваа ситуација ве советуваме да внимавате каде се движите и вашите автомобили да ги ставате понастрана од дрвја со цел да не дојде до некоја несакана ситуација, најавува Славчо Попоски од meteomax.mk .


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …