(ВИДЕО) Еден на Еден: Жаре и тимот се враќаат на „Телма“ во нов термин и ќе нè потсетат на најнтересните моменти

Повеќе од 200. епизоди и околу 250. гостувања ја испишуваат историјата на најгледаното ток-шоу во земјата „Еден на Еден“, кое од недела ја стартува својата деветта сезона.
Жаре и тимот се враќаат на „Телма“ во нов термин – секоја недела во 20:30 часот.
Првата епизода од сезона 9 на „Еден на Еден“ започнува со времеплов на дел од најинтересните моменти кои се случиле во сите досегашни години од шоуто.
Од А2 и А1, преку МКЦ и Алфа, до доаѓањето на Телма. Ќе се потсетиме за времето кога Драган Вучиќ бркал девојки заедно со Здравко Чолиќ и што крие Кили во фонтаната пред Драмски. Кога Столе Стоилов пцуеше на хелиум и кога новогодишно во кафана се дружеа Жаре, Трендо и Џамбазов. Ова е само мало делче од екслузивните интервјуа, одличните гости и неверојатните приказни кои ја направија „Еден на Еден“ она што е денеска.


А како бонус, ќе го видиме и почетокот на Спасе, како најверен фан на емисијата!
Не заборавајте, нов термин на „Еден на еден“ – недела, 1 октомври, 20:30 часот на „Телма“!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …