(ВИДЕО) Докторите ја решиле најголемата мистерија на кралот на попот:Еве како Мајкл Џексон успеал да го изведе ова!

Единствениот Мајкл Џексон, крал на попот, бил музичар кого го имитирале ширум светот, посебно секој негов танчерски чекор.
Мајкл бил многу вешт танчер, и во повеќето свои спотови учествувал и во кореографијата. Во низата мистерии кои го следеле, и во повеќето свои спотови посебно неразјаснета била онаа која се однесувала на неговиот славен чекор, на наведување од видео спотот „Smooth Criminal”.
Магнети во чевлите, канапи со кои го придржувале, се само дел од можните објаснувања
Но, неврохирурзите сега детално објасниле како можел да го направи и изведе движењето кое биохемиски е невозможно.
Во спотот од 1987. година за песната „Smooth Criminal” Џексон се наведнува под агол од 45 степени и тоа од зглоб, додека сето време своето тело го одржува исправено како стап.
Илузијата која многумина се обиделе да ја направат (најчесто неуспешно) Џексон успешно ја извел благодарение на посебните чевли и неговата сила.
Стручњаците ги предупредуваат другите да не се обидуваат да го направат ова дома за да не се повредат.
„Повеќето тренирани танчери со добра сила на средниот дел на телото ќе може максимално да се наведне 20. до 30. степени нанапред. Мајкл успеал тоа да го направи под агол од 45. степени и така всушност направил нешто неверојатно“, рекол Манјул Трипати кој во соработка со колегите од институтот за медицинска едукација и истражување во Индија работел на овој проект.
За да некој се обиде да го изведе тоа познато движење и наведнување од спотот „Smooth Criminal” би забележал дека таа посебна положба и сила која е потребна за заземање на таа поза не е посебно оптоварување на грбните мускули, туку претставува оптоварување за Ахиловата тетива.
Со тоа наведнувањето е лимитирано, па дури и во случај кога е некој со слични атлетски можности како кралот на попот.


Дополнителни степени и флексибилност нему му овозможиле токму поткренатите чевли
“V” обликуваниот прорез на дното на секоја пета на неговите чевли имаат посебен дел кој го држи цврсто на земјата и му овозможува наведнување нанапред, поради тежината која и пркоси на гравитацијата.
Пред да пронајде такви чевли таквата илузија можел да ја изведе со помош на канапи и појаси кои морале да бидат завиткани околу неговиот струк.
Идејата ја добил од американските астронаути, поточно нивните чизми кои можат да се прицврстат на фиксирана линија додека работат во просторот без гравитација.
Со посебни чевли и помош од членовите на тимот ова движење е сеедно тешко да се изведе и изискува употреба на доста сила на мускулите на карлицата и нозете, велат стручњците.
“Неколку негови фанови се обиделе да го копират овој потег и не успеале, често и се повредувале. Шансите за повреда на зглобот се сериозни. Потребна ви е добра сила на стомачните мускули и поддршка на зглобовите. Не е тоа лесен трик“ нагласуваат докторите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …