Да се забремени за некои парови е долг и болен процес. Ова е особено точно за оние кои се подложени на медицинска асистирана репродукција, односно процедури кои вклучуваат инјекции на хормони и хируршки процедури, и нема гаранција за успех.
Затоа, кога конечно пристигнува добрата вест, луѓето се прилично возбудени. Една клиника за плодност на „ТикТок“ објавила снимка на која се гледа како лекар ја повикува својата пациентка за да и соопшти дека е бремена.
“Каде е твојата девојка? Дај ми ја на телефон, пријателе”, вели на почетокот д-р Лоренс Б. Верлин, кому му се јавил партнерот на пациентката.
Кога ја добил пациентката, лекарот се свртел кон персоналот, започнал да одбројува и тие извикале: „Бремена си!“
„Честитки“, вели д-р Верлин, додека пациентката ентузијастички му се заблагодарува.
@coastalfertilityWe celebrate your success. ##ivf ##ivfpregnancy ##emotionalvideos ##fertilityclinic ##successfulivf ##fertilitydoctor ##ivfstruggles
@coastalfertilityDr. Werlin has his fun letting the patients know they are pregnant and we have our fun delivering him the news! ##ivfjourney ##ivfgotthis ##ivfpregnancy ♬ original sound – Coastal Fertility Medical
Очекувано, снимката станала вирален хит, а од клиниката рекле: „Ние не сме само центар за плодност, ние сме семејство“.
Фото: Принтскрин/ТикТок