Дознајте ги сите предности од изведувањето клекнувања

Кога правите клекнувања, не само што го подобрувате тонусот и изгледот на нозете и задникот, туку и грбот и стомачните мускули, кои мораат да бидат цврсти за време на нивното изведување.
Кога наредниот пат ќе помислите на прескокнување на клекнувањата сетете се на овие работи.
1. Го подобруваат изгледот на вашите нозе и не само на нив
Кога правите клекнувања, не само што го подобрувате тонусот и изгледот на нозете и задникот, туку и грбот и стомачните мускули, кои мораат да бидат цврсти за време на нивното изведување.


2. Ја подобруват флексибилноста на вашето тело
Како? Ги истегнуваат лигаментите и „задната ложа“, а предностите на подвижноста ги чувствуваат и колковите и долниот дел од грбот.
3. Ги јакнат мускулите на целото тело
На квадрицепсите секако е најголемиот притисок, но за да се спуштите до земја, а потоа и да се подигнете, во работата учествуваат скоро сите мускули на вашето тело, со што ги јакнете, а можеби за тоа и не сте свесни.


4. Го подобруваат метаболизмот
Најдобар начин да го натерате телото да троши уште повеќе калории, односно да го забрза метаболизмот, е да ја зголемите мускулната маса.Нозете чинат половина од телото, а со задникот го прават оној дел од телото на кој се наоѓаат најголемите мускули. Дали е се јасно?
5. Го подобруваат балансот и подвижноста на телото
Веќе добро знаете дека со стареење луѓето ја губат способноста за одржување баланс на телото и неговата подвижност. Но оние кои во раната животна доба ќе почнат да ги практикуваат клекнувањата имаат продолжен век на издржливост на своите нозе, што воедно значи и подобар баланс.


6. Помогнува во превенција на повредите
Една од најчестите причини за повреди кај спортистите се слабостите на мускулите стабилизатори и недоволна развиеност на лигаментите и сврзувачките ткива.Клекнувањата помогнуваат во јакнењето на поврзаноста помеѓу тие проблематични делови, подобрувајќи ја флексибилноста ја намалуваат можноста од повреди, што воопшто не е за занемарување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) СПИЕТЕ И СЛАБЕЕТЕ! Рецепт за напиток кој ќе ви помогне да ослабете без строги диети

Ако сакате да го забрзате метаболизмот, да го подобрите квалитетот на сонот и да ги …