(ВИДЕО+ФОТО) Ова езеро е посебно поради розовата боја – но и возот што минува низ него

ОВИЕ нереални сцени не се плод на Фотошоп, туку навистина може да ги доживеете доколку се упатите кон Сибир.
Ова е езерото Бурлин во регионот Алтај во близина на границата со Казахстан, кое секое лето претрпува малку психоделична трансформација. Имено, секој август езерото добива розова боја. Како и во случајот со некои други примери во светот, ова не е загадување, туку е последица на зголемената концентрација на ракчиња (Artemia salina), кои живеат во вода со висока соленост.


Сепак, она што го прави ова езеро навистина посебно е возот што сообраќа по него. Таму е со одредена цел, а тоа е жетвата на сол што се прави во ова езеро со векови, наводно од 1768 година. Возот го крева седиментот од дното и го собира во вагони и го филтрира.
Легендата вели дека руската царица Катерина Велика инсистирала да се користи само оваа сол со исклучителен квалитет. Патем, ова езеро произведува околу 65.000 тони сол годишно, што е еднакво на потрошувачката на сол во светот за три до четири дена.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Vadim Makhorov (@makhorov)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …