Првиот трејлер за серијата „Homecoming“ на Џулија Робертс само што е објавен.
Славната 50. годишна глумица го толкува главниот лик во психолошкиот трилер кој го режирал Сем Есмаил, творецот на „Мр. Робот“.
Полу-часовната серија го следи животот на една жена што работела во транзициониот центар за поддршка за војниците по враќањето од војна.Четири години подоцна таа е вработена во едно кафуле во еден мал град, кога доаѓа ревизорот на министерството на одбрана да ја испита за причините за напуштање на центарот.
Тогаш се открива целата приказна зад официјалната верзија која таа ја раскажува.
Серијата со емитување ќе започне на 2. ноември.