Холивуд ништо не заборава: Режисерот на филмовите „Чувари на галаксијата“ добил отказ!

Режисерот на филмовите „Чувари на галаксијата“, добил отказ поради стари твитови во кои се шегувал на темите како што се педофилија и силување.
“Навредливите содржини и ставовите кои беа откриени на профилот на Џејмс
на Твитер е невозможно да се бранат, тие не се совпаѓаат со вредностите
на нашите студија, па ги прекинавме сите деловни односи со него”, рекол претседателот на компанијата „Дизни“, Алан Хорн.
Од почетокот сценаристот и режисер на франшизните филмови “Чувари на Галаксијата”, Ган од овој нејасен стрип на Марвел направи комична стрип опера со ретро музика, која стана голем хит. Два филма од оваа франшиза
заработиле повеќе од милијарда и пол долари во светот.
Ган откако добил отказ се извинил за стари твитови и изнел слични
твитови како еден ден порано.
“Моите зборови од пред речиси една деценија беа целосно неуспешни и несреќни обиди да бидам провокативен. Веќе долги години жалам за нив, не затоа што не беа духовити, бидејќи беа глупави, невидени и што
секако не беа провокативни, како што се надевав, туку поради тоа што не
ме осликуваат мене денес”, рекол Ган.
„Дизни“ не најавил кој ќе го замени Ган на местото режисер на „Чувари на галаксијата 3“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …