(ВИДЕО) Девојче се родило со 12 прсти на рацете па „ИДИОТИ“ на мајката и порачале да и ги „искинат“

Сара Максон е мајка која го привлече вниманието на ТикТок откривајќи дека нејзиниот сопруг има здравствен проблем, наречен полидактилија, кој тој и го пренел и на неговата мала ќерка. Тоа е вроден проблем во кој едно лице се раѓа со еден или повеќе дополнителни прсти на рацете или нозете.
Откако нејзиниот зет објавил фотографија од девојчето, многумина го нападнале велејќи дека станува збор за фотомонтажа. Затоа, Сара решила да објави клип на ТикТок на кој се гледаат рацете на нејзината ќерка.
„Значи, нашето бебе се роди со дванаесет прсти, по еден на секоја рака“, објаснила таа.

Иако оваа мајка вели дека се навикнати нивната ќерка да има повеќе прсти од вообичаеното, тие планираат да го отстранат вишокот со операција, но тоа е одложено поради пандемијата.
„Вообичаено е овие операции да се прават кога бебето има три месеци, но чекаме повторно да бидат дозволени операции за не-итни случаи“, објаснила Сара.
Бидејќи во вишокот прсти нема коски, операцијата треба да биде едноставна процедура.
Видеото собра повеќе од 4,5 милиони прегледи, како и бројни коментари, а некои од нив беа прилично сурови говорејќи „да и ги скинат прстите што побрзо“.
„Ве молам, помогнете и на вашата ќерка да се чувствува подобро и отстранете и ги прстите“, е еден од поблагите коментари.
Но, имаше и такви на кои не им пречеа повисоките прсти, па едно лице коментирало: „Некако е слатко“.
„Мислев дека само јас ќе мислам така“, одговорила Сара.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …