(ВИДЕО) Дани и пеце од „Суперхикс“ со дуетска песна: „Пораката е директна, преслушајте и изгледајте“

„На крајот на овој свет“ е најновото дело на Весна Малинова Бабамов, преточена со гласовите на Дани Димитровска и Пеце (Суперхикс), кои по втор пат имаат дуетска соработка.
За песната е направен и видео спот со приказ на светски катастрофи и наше секојдневие со кое се соочуваме.
Во видео спотот се појавуваат и неколку врвни музичари, Conquering Lion, Игор Џамбазов, Пере Нокаут, Џоле Смут, Љубојна и Вера Јанковиќ, кои со свои пишани пораки се надоврзуваат како поддршка кон пораката која ова песна ја пренесува.
„Поддршката е суштинска во време кога недостасува музика. Онаа колегијалната од взаемна почит е од особено значење. Пораката е директна, преслушајте и изгледајте“, вели авторката Весна Малинова Бабамов.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …