(ФОТО) Grand Prismatic Spring – Шарен термален извор кој убавината им ја должи на бактерии

Grand Prismatic Spring е еден од најголемите термални извори во светот, поточно трет по ред и најголемо во САД. Сместено е во Националниот парк Yellowstone, Вајоминг, САД.

Достигнува максимална длабочина од околу 50 метри, и се здобил со светска слава за прекрасниот опсег на бои што го опкружуваат. Различните бои околу изворот се должат на активност на бактерии околу рабовите на базенот, каде што водата е помалку топла.
Во различни периоди, бактериите што живеат во и околу изворот создаваат различни бои. Во лето, во пределот доминираат портокалово и црвено, додека во зима претежно е застапена темно зелена боја. Сината боја на водата во центарот на базенот е резултат на селективна апсорпција на црвената бранова должина на видлива светлина, односно нна неа не влијаат бактериите.

Димензиите на оваа спектакуларен природен термички извор се околу 90 x 80 метри а длабок е околу 50 метри. Изворот се проценува дека испушта околу 2.100 литри вода секоја минута – вода чија температура е околу 70. Целзиусови степени!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Рецепт за КОХ ОД ОРИЗ: Древен деликатес кој се пренесува од генерација на генерација 

За кох од ориз, потребни ви се состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата …