(ВИДЕО) Дали Криси Тајген со својата реакција открила долго чувана тајна на Кардашијанки?


Ниту Криси Тајген, која е добра со сестрите Кардашијан, не била поштедена од прашањата за бременоста на Кајли Џенер…
Криси Тајген е добра пријателка со сестрите Кардашијан па ниту славниот водител Енди Коен не ја пропуштил приликата да ја праша што знае за бременоста на Кајли Џенер.
Меѓутоа, иако манекенката не сакала ништо да каже, со својата реакција всушност многу нешта открила.
Коен ја прашал колку долго знае за бременоста на Клои и дали го видела трудничкиот стомак на Кајли.

https://instagram.com/p/Bebmi9CH6s0/?utm_source=ig_embed


„Ухх…хмммм…Веќе некое време знам дека Клои е бремена. Ја видов кога со Ким организираше baby shower за своето дете. А, за Кајли нема да кажам ништо“ одговорила Криси и со тоа всушност кажала се, што го заклучил и самиот Коен.
„Но, никој не сака ништо да каже, се’ е всушност многу очигледно“ коментирал водителот.
Криси се обидела да се извлече со тоа што рекла „немам поим за ништо“, но со тоа само дополнително „се закопала“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВЕЖБАЛА ДО ИСЦРПЕНОСТ, ПЕШАЧЕЛА СО КИЛОМЕТРИ, ЕДВАЈ ЈАДЕЛА: Прогласена е за најубава жена на 62 години, но поради едно нешто, многумина „ја замразиле“

Деми Мур неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а таа открила колку нејзиниот …