(ВИДЕО) Џорџ и Амал Клуни: Кога љубовта ќе ти дојде дома!

Во емисијата „My Next Guest Needs No Introduction“ на Дејвид Летерман за Нетфликс Џорџ Клуни открил како се запознал со Амал.
Клуни објаснил дека Амал со еден заеднички пријател, на пат за Кан, во 2013. година дошла во неговата куќа на езерото Комо, Италија. Меѓутоа оној кој му ја предвидел иднината бил неговиот агент.
„Му се јавив на агентот кој ми рече – ’Ја запознав онаа жена која доаѓа во твојата куќа. Ќе се ожениш со неа!’. И’, навистина беше така“ раскажал Клуни.
Интересно е дека родителите на Клуни се заслужни за тоа што воопшто продолжил да се гледа со неа.
“Тогаш ме посетија моите родители, па се најдоа со сите нас.Едноставно, во текот на вечерта сите почнавме да зборуваме. Дури подоцна ја земав нејзината меил адреса за да ми испрати фотографии со родителите. Така почнавме да се допишуваме. Не знаев ниту дали сака да излезе со мене, мислев дека сме само пријатели“ рекол глумецот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …