Сопругот на глумицата Линда Лусарди вели дека таа е на респиратор и дека во борбата со корона вирусот и е „потребна сета помош која може да ја добие“.
Вчера, Сем Кејн ја опишал својата сопруга, 61-годишна актерка, модел и презентерка, дека е „пред вратата на смртта“, велејќи дека се бори со „сурова, грозна, невнимателна, безмилосна, темна болест“.
Ова попладне, тој ги известил загрижените фанови, откривајќи дека Линда не може да дише самостојно.
„Се плашам дека нема промена на подобро кај Линда денес. Таа е иста уште од синоќа. Сè уште е на кислород и сè уште е многу лошо. Редовно јаде и пие. Неа само и треба ниво на кислород за да го покрене својот организам пред да се случи следната голема промена“, рекол тој.
„Сè уште е далеку од добро и излегување од овој пекол. Испратете и ги вашите мисли, вашата љубов, вашите молитви и позитивност. На неа и е потребна целата помош што може да ја добие сега“, напишал Сем на Фејсбук.