(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО – Има 98. години и го победил корона вирусот: Докторите велат дека е феномен!

Британецот Џек Боуден (98) е најстарата личност која се изборила со опасниот корона вирус
Ветеранот и фармацевт од Втората светска војна, ангажиран во масовно производство на пеницилин за време на војната,бил тестиран позитивно за вирусот КОВИД-19 на 18. март, откако ги почувствувал првите симптоми на болеста.
Боуден, кој е прадедо, бил примен во болницата по тестирањето, од каде бил отпуштен по три дена (минатата сабота), бидејќи неговиот имунолошки систем можел да се справи со опасниот вирус без сериозни компликации. По отпуштањето од болницата, тој се вратил во неговиот дом во Болтон.
Најмладиот син на Џек, Марк (58), сведочел дека кога дознал дека неговиот татко е позитивен на коронарниот вирус, напишал проштално писмо до неговиот татко, не знаејќи дека 100-годишникот може да преживее толку злобна болест.
„Мислев дека никогаш повеќе нема да го видам. Му напишав прекрасно писмо во кое се збогував“, рекол синот на Џек, Марк.
Сепак, во петокот, Марк добил повик од болницата во кое му кажале дека неговиот татко е многу подобар, имал многу лесна респираторна инфекција и следниот ден ќе биде пуштен од болница на домашно лекување.
Лекарите во Велика Британија сакаат да го испитаат неговиот случај, како апсолутен феномен во однос на диспропорцијата помеѓу возраста, тежината на клиничката слика и брзината на закрепнување.
Џек Боуден во моментов е најстарата личност во Велика Британија, а веројатно и во светот, која го преживеала вирусот на корона.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …