Ивановиќ, заедно со неколку други компании, учествувала во нарачувањето на голем број на апарати од кои зависат многу човечки животи.
Ана Ивановиќ учествувала во набавка на 35 респиратори за српските граѓани! Како што дознава курир.рс, српската тенисерка обезбедила финансиска поддршка, но и „се заложила“ преку нејзините контакти да ги добие овие многу потребните апарати.
Неколку компании и Ивановиќ обезбедиле големи парични средства нарачувајќи 35. респиратори за потребите на српскиот медицински систем. Сето ова било направено под капата на Уницеф, чија амбасадор со години е Ана.
Од извори блиски до една од компаниите што помогнале се дознава дека српската тенисерка направила многу,финансиски, преку лични контакти, за да им ја донесе на нсрпските граѓани потребната опрема.
Се додава дека оваа Светска организација нарачала вкупно 50 респиратори за Србија.
Деновиве, тие веќе го започнале првиот дел од испораката на маски, заштитни костуми, заштитни очила и нараквици за здравствени работници. Исто така, 1.700 од најранливите семејства, за почеток, ќе добијат хигиенски пакети. Подоцна тој број ќе бил поголем.
Наместо каков било заклучок, само два збора: Браво, Ана!