Тие се заколнале дека никогаш нема да се разделат, а немале поим што ќе се случи како резултат на тоа
Индиските медиуми моментално „брмчат“ за младоженецот и невестите, кои се сестри близначки. Се заколнале дека никогаш нема да се разделат и затоа решиле да се омажат за ист маж, па Атул Автаде се оженил со Пинки и Ринки, не знаејќи што ќе се случи понатаму.
Имале голема поддршка од нивните семејства. Сите се согласиле дека овој необичен брак треба да се случи, но властите решиле да го казнат штотуку венчаниот Автаде. Новопечениот младоженец ќе одговара за полигамија, а оваа брачна заедница нема да биде законски признаена.
महाराष्ट्र के पंढरपुर में दो सगी बहनों ने एक ही लड़के से शादी की..#Viral #viralvideo pic.twitter.com/eZQFjLlvO5
— Vivek Gupta (@imvivekgupta) December 3, 2022
Пинки и Ринки се 36-годишни ИТ инженерки кои се зближиле со својот избраник откако нивната мајка тешко се разболела. Тие се вселиле кај неа и позајмувале автомобил од извесниот Автаде. Секојдневно ја возеле мајка си на лекување, а пријателството прераснало во „тројна“ љубов.
Бидејќи се заколнале дека никогаш нема да живеат една без друга, биле воодушевени кога дознале дека Автаде сака да се ожени за двете. И додека странските медиуми „брмчат“ за нив, тие се трудат да уживаат во љубовта.
Фото: Принтскрин/Twitter