(ФОТО) Беше „тивок копнеж“ на многу мажи: Како денес изгледа најубавата русокоса во Холивуд

Една од најпознатите холивудски актерки Ким Бесинџер денеска го слави својот 69-ти роденден.
Ким е родена во Атина, Џорџија, а уште од рана возраст изјавила дека ќе биде актерка. На само 16. години победила на натпреварот Мис Јуниор, а потоа се преселила во Њујорк, работејќи како модел.

View this post on Instagram

A post shared by Kim Basinger (@kim.basinger)



По Њујорк се преселила во Лос Анџелес каде почнала да глуми во серијата „Чарлиевите ангели“. Таа го привлекла вниманието кога позирала за „Плејбој“ во 1983 година, а набргу потоа стана Бонд девојка, глумејќи покрај Шон Конери во Never Say Never.
Таа глумеше во еротскиот трилер „9 1/2 недели“ со Мики Рурк, а во 1997 година доби Оскар за улогата во филмот „La Confidential“.

View this post on Instagram

A post shared by Vol de nuit 🛩🌓🌃 (@eternellesvacances)


Ким била во брак со Рон Снајдер од 1980 до 1988 година, а од 1993 до 2002 година со актерот Алек Болдвин, со кој ја има ќерката Ајрланд.
Ким Бесинџер некогаш беше синоним за сексипилност и убавина, а веќе неколку години активно не снима филмови. Посветена е на заштита на животните.


This image has an empty alt attribute; its file name is kim-besindzer-1.jpg

Во април оваа година, таа беше гостин на Red Table Talk со нејзината ќерка, каде што се отвори за нејзината вознемирувачка анксиозност, напади на паника, фобии и проблеми со менталното здравје со кои се борела.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната фолк пејачка Благица Павловска

Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска …