Концентрирајте се и размислувајте „надвор од кутијата“
Ако отсекогаш сте мислеле дека ќе бидете одличен детектив, обидете се да решите неколку загатки кои ќе бараат од вас да размислувате „надвор од кутијата“ и да се водите од вашата интуиција.
Овие неколку загатки се многу популарни на социјалните мрежи, иако само неколку луѓе можат успешно да ги решат.
Затоа, не очајувајте ако заглавите, туку концентрирајте се и продолжете да размислувате. Во некои случаи, малите детали се важни, додека во други треба да покажете имагинација.
Па, ајде да започнеме…
Прашања:
1. Некој таму „мати“.
Сопругата во неделата го пронашла својот мртов сопруг и веднаш ја известила полицијата. Сите што биле во куќата дале изјави кои гласеле вака:
– Сопругата рекла дека спиела; батлерот рекол дека чистел; градинарот рекол дека берел зеленчук; слугинката рекла дека отишла да ја земе поштата; а готвачот дека подготвувал појадок.
На едно од тие лица полицијата веднаш му ставила лисици на рацете. Кое?
2. Во која просторија да умре?
Вие сте убиец и осудени сте на смрт. Единствениот избор што ви останува е да влезете во некоја од понудените соби. Во една од нив има пожар, во втората ве чекаат вооружени убијци, а во третата има лавови кои не јаделе со години.
Која ќе ја одберете вие?
3. Речиси совршено злосторство
Сопругот со нож ја убил сопругата во автомобилот. Никој не го видел, а телото го фрлил така што не оставил отпечатоци на него.
Тој, исто така, се погрижил да го фрли ножот од карпата, на место каде што никој никогаш нема да го најде.
А сепак, само еден час откако се вратил дома, му се јавил полициски инспектор и го замолил да дојде на местото на злосторството. Тој бил уапсен веднаш штом се појавил. Како инспекторот знаел дека тој е убиецот?
Решенија:
1. Слугинки. Во недела не се доставува пошта.
2. Ако во собата има лавови кои не јаделе со години, тие сигурно веќе умреле.
3. Инспекторот само си ја пробувал среќата. Не знаел кој е убиецот, но се му станало јасно кога сопругот не го прашал каде да оди.
Фото: Илустрација