(ВИДЕО) БИЗАРНО: Невеста наишла на осуда за начинот на кој дошла на свадбената церемонија – МЛАДОЖЕНЕЦОТ ГО ВОДЕЛА НА ПОВОДНИК

Младенците предизвикале негативни реакции на интернет, откако на видеото објавено на платформата TikTok се гледа како младоженецот влегува на венчавката со поводник што го држи невестата, но тој ги разубеди гледачите велејќи дека тој потег има лично значење.
Корисникот на TikTok @tenneggee добил многу негативни коментари откако споделил видео од неговата венчавка, при што многумина го свртеле вниманието на расните прашања додека младата, која е бела, го водела својот сопруг, црнец, на поводник, но тој ги разубедил сите гледачи велеји дека овој потег има лично значење. Кога влегле во салата тој клекнал на сите четири, како клуче.
Двојката кружела на подиумот под звуците на песната на Џорџ Клинтон „Atomic Dog“, додека гледачите ракоплескале, се смееле и навивале од страна пред невестата да ја пушти поводникот за да танцува.
Тра ‘Александар, младоженецот од видеото, изгледал како да влегува во улога на куче додека задишан одел по својата невеста и ја кревал ногата како да сака да уринира на нејзиниот бел фустан, но корисниците на TikTok го осудиле сето тоа.
Тогаш, невестата споделила уште едно видео од дочекот, како одговор на „сите критики“, на кое се гледа Александар и жената идентификувана како неговата сестра како танцуваат на подот на сите четири.
Во интервју за Daily Dot, Александар објаснил дека неговиот танц во кој имитира куче е всушност дел од неговата семејна традиција.
Тој рекол дека неговиот татко ја сака песната „Atomic Dog“ и дека се однесува како куче секогаш кога ќе ја слушне, што го навело тој и неговите сестри самите да почнат да танцуваат на тој начин.
„Самата песна е многу важна за мене и за моето семејство“, објасни тој. „Татко ми го осмисли својот танц одамна и оттогаш го презеде прво мојата најстара сестра, а потоа јас“.
Младоженецот објаснил дека одлуката да го изведе танцот со неговата нова невеста е духовито навестување на фактот дека неговата сопруга успеала да го доведе до олтарот по шест години поминати заедно, пренесува Lad Bible.
Иако парот наиде на негативна реакција кај оние кои го виделе видеото без да го знаат контекстот, Александар е благодарен што привлекол внимание, бидејќи танцувањето е многу важно за него и неговото семејство.

@tenneggee Alexander Wedding Reception #viralvideo #foryou #atomicdog #walkthedog #xyzbca #fypシ #fyp #wedding #reception ♬ Atomic Dog World Tour Remix – George Clinton & Parliament Funkadelic & Anderson .Paak & Mary J. Blige


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …