ПОСЛЕ 45. ГОДИНИ СЕ РАСПАДНАЛО ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ: Музичари се скарани и се разделиле, а се споменуваат и ТУЖБИ поради најавениот концерт!

Во медиумите ширум регионот одекна веста дека се распадна познатиот бенд „Прљаво казалиште“. Како што беше потврдено за „Јутарњи лист“, по 45 години момците од бендот решиле да разделат.
„Прљаво казалиште“ ја објави својата прва песна во 1979. година, но тоа е долго и славно минато, напишано од долгогодишни пријатели, кумови и големи музичари кои заедно ги исполнија арените и стадионите и ја фрлија публиката во транс. Денеска Тихомир Филеш и Јасенко Хоура, основачите на бендот за чија разделба нивната публика вечно ќе жали, како што наведуваат понатаму хрватските медиуми, повеќе не зборуваат, а како тргнало, во иднина можеле да разговараат само преку своите адвокати.

За тоа дека членовите на бендот имаат различни музички визии и желби, како и тоа што се заситија еден од друг, се зборуваше уште во 2021. година. Никој не му придаваше преголема важност на тоа, бидејќи префрлувањата и полошите периоди не се невообичаени за групи со повеќе луѓе, па така и за бенд каков што е „Прљаво казалиште“. Меѓутоа, наместо да се смират страстите, да се заборават лошите денови, работата ескалирала и резултирала со распад на бендот, но и можни тужби, пренесува споменатиот портал.


This image has an empty alt attribute; its file name is prljavo-kazaliste-fb.jpg
Имено, иако е јасно дека нема да продолжат да работат заедно, Хоура, вели Филеш, ја договорил свирката на „Прљаво казалиѓте“ во Врбник на Крк за 24. јуни. Во соопштението објавено на социјалните мрежи од Туристичката управа на Врбник не пишува кој ќе пее и кој ќе свири, но Филеш, кој е сопственик на заштитниот знак и името на бендот, вели дека настанот не треба да се нарекува „Концерт на Прљасво казалише“, доколку музичарите и туристичкиот одбор не сака да бидат тужени, пренесува „Јутарњи лист“.

– Секако, бендот може да настапува под друго име. Нема проблем. Но, под името „Прљаво казалиште“ – не – одлучен е Филеш.- Во „Прљаво казалиште“ 33. години не бев само инструменталист и коавтор на музика како еден од аранжерите, туку и основач и единствен менаџер на бендот. Се’ што се работеше во бизнисот во однос на трансформацијата на бендот во бренд беше под моја контрола и исклучиво во моја организација, вклучително и правото на името и заштитен знак на брендот „Прљаво казалиште“. Сето тоа минатите години и беше повеќе од добро познато на Јасенко Хоура – вели Филеш, чиј бенд последен пат настапи пред две години.


Фото:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …