(ВИДЕО) Бил Клинтон и Моника Левински: Еве кога пристигнува серијата за скандалот!

„Пикантериите“ за скандалозната афера на Клинтон и Моника ќе ги следиме во новата сезона на „The American Crime Story“!
Моника Левински и Бил Клинтон – скандалот на малите екрани!
Повеќе од 20 години по аферата што го обиколи светот, серијата ќе раскаже необјавени детали од аферата на младата приправничка и претседателот на САД, што доведе до истрага пред Сенатот.


Новата сезона ќе биде наречена „Импичмент“, по процедурата што ја покренаа надлежните органи против Клинтон за лажење под заклетва и спречување на правда а интересно е што Моника Левински е ко-продуцент на овој проект.
Таа ќе ја игра Бини Фелдстин, додека улогата на Бил сè уште не е доделена.Иако премиерата на серијата првично беше закажана за 2020. година, таа сепак е преместена. Американските медиуми јавуваат дека продуцентот Рајан Марфи ја одложил премиерата поради „преполниот“ распоред а и дека го чека конечниот исход на претседателските избори.



Серијалот „American Crime Story“ досега ни донесе приказни за судењето на Џеј Симпсон и убиството на Џани Версаче. И’ двете сезони беа оценети како одлични од публиката и од критичарите.
Додека не пристигне серијата, погледнете видео од оваа афера!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …