(ВИДЕО) Австралиски фармер на единствен начин се простил од саканото лице

АВСТРАЛСКИОТ фармер Бен Џексон не можел да се збогува со саканата личност поради пандемијата и мерките што се во сила во таа земја.
Имено, неговата тетка Деби ја загубила двегодишна битка со ракот во Квинсленд, а тој бил 400 милји подалеку во Нов Јужен Велс и не можел да се збогува со неа или да биде на нејзиниот погреб.
Но, Бен одлучил да се збогува од својата сакана тетка на необичен начин. Го положил сеното на ливада во облик на големо срце, а потоа пуштил стотици негови овци да пасат, па тие формирале облик на срце.


Се’ снимил со дрон, а видеото го споделил на социјалните мрежи.
„Немаше шанси да стигнам таму и да ја видам, да ја поздравам или да одам на погреб“, рекол тој за Би-Би-Си.
„Се чувствував беспомошно и безнадежно, не знаев што да правам. Решив да направам масивно срце на земја, кое е се уште премногу мало во споредба со нејзиното срце”, рекол Бен.
Во видеото ја пушти и песната Bridge Over Troubled Water, која исто така била пуштена на погребот на неговата тетка.
„Тоа беше нејзината омилена песна, беше многу трогателно“, раскажува тој.
Џексон претходно создал неколку други уметнички дела на сличен начин, дизајнирајќи различни симболи и логоа, а неговата посветеност на саканата тетка брзо стана вирална и се емитуваше на бројни телевизиски станици низ Австралија.
„Тета би уживала во ова и би била горда да види колку насмевки предизвика срцето што го направив за неа. Тоа е љубов, а љубовта е сензационална”, заклучил Бен.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …