(ВИДЕО) РЕАКЦИИ – Андреа:„Тука сум да ја претставам Македонија во најдобро светло!“

Вчера пишувавме за втората проба на Андреа, комлиментите кои ги добива од сите страни, успешните проби, ги објавивме фотографиите на нашата претставничка со македонското знаме кое го носи насекаде и сега одеднаш таа мора да објаснува нечии злобни мисли – без да се побара објаснување од неа или од некој член на македонската делегација.

This image has an empty alt attribute; its file name is andrea-1.jpg
Имено, во некои од медиумите се објавиле фотографии како Андреа го фрла македонското знаме.
Таа веднаш даде одговор на сите тие пишувања а суштината е во видеото подолу…


Некоја тв екипа побарала интервју со Андреа но без знамето кое таа го ставила на страна, и сега сето тоа се „прежвакува“, се бара „влакно во јајце“ се’ во наш стил…Наместо да се гордееме со тоа што имаме фантастичен претставник на „Песна на евровизија“ некои се занимаваат со непотребни обвинувања, наместо да побараат објаснување па да судат. А, се поради некои само ним јасни причини (или барање кликови и оцрнување на млада девојка)


Г.О.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …