Некои мажи едноставно не се добар избор за врска, а камоли за брак…
Бракот е секако еден од најсериозните чекори во животот на секој човек, но оваа институција едноставно не е за сите луѓе. Поради влегувањето во брачното пристаниште често ги намалуваме личните критериуми, се отстапува од претходните верувања и прави бројни компромиси кои дотогаш беа невозможни, а сето тоа како резултат на притисокот од околината дека жената има многу години и дека и е време за сопруг и деца.
Сепак, колку и да сте желни за брак, овие три типа мажи дефинитивно мора да се заобиколувате во широк лак, дури и ако клекнат и ве молат да се омажите за нив.
Егоист
Понекогаш мораме себе да се ставиме на друго место во љубовта и бракот. Момците кои се премногу зафатени со себе исамите на себе си се најважни, не можат да ги стават вашите потреби на прво место, поради што не прават добри брачни сопатници.
Мрзливец
Спротивна крајност за работохолик е мрзеливоста. А ако моментално е невработен, може да придонесе за вашата врска доколку преземе некои од домашните работи, грижата за децата и слично. Која жена сака сопруг кој само седи на каучот, гледа телевизија и не прави ништо?
Измамник
Човек кој измамува некого за да заработи брзо и лесно, дури и ако неговиот злобен шеф го заслужил тоа, не е личност на која можете да и верувате. Дури и ако тој никогаш не ви го направил тоа, никогаш не знаете кога би можеле да платите за неговите дела.