(ВИДЕО) Анџелина Џоли на сите жени им испратила моќна порака!

Како дел од нејзините задолженија во Обединетите нации, но и по повод кампањата „16 дена активизам“, Анџелина Џоли испратила порака до сите жени кои стравуваат дека можат да станат жртви на злоупотреба, велејќи дека секоја жена треба да зборува за своите проблеми со оние на кои им верува и дека треба да ги најде оние кои би и помогнале во такви ситуации.
„На пример, тие би можеле да се договорат со пријател или член на семејство кој збор може да биде нивниот код, и ако го изговорат тоа, да кажат дека им е потребна помош“, рекла Џоли.
Тажно е што, како што рекла, пријателите и семејството не секогаш имаат доверба во жртвите и не ги поддржуваат.
Затоа холивудската актерка им давала совети на сите оние на кои злоупотребуваните лица им се обраќаат за помош:
„Обидете се да ги разберете сите емотивни, финансиски и правни притисоци со кои се соочуваат овие лица, како и дека многу веројатно доживеале траума или страдаат од ПТСП. Ако некогаш сте помислиле дека некој близок до вас е во такви проблеми, обидете се секогаш да бидете на дофат на рака, известете ги дека сте тука за нив“, резаклучила Џоли.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …