Вевчанци покануваат на годинешниот маскенбал – „Напрај се Василичар!“

Дали сте подготвени за Вевчански карневал?

Под мотото „Напрај се Василичар,“ Вевчанци ги завршуваат подготовките за Вевчанскиот карневал. Маските се подготвени, Василичарите го чекаат 13 јануари за конечниот почеток на карневалот стар милениуми. Вевчанци прашуваат: „Кеојш?“ Одговорот веќе го знаете: На Вевчански карневал!


Вевчанци, видно возбудени, и оваа година очекуваат рекорден број на посетители. Минатата година над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува.
Тие сѐуште ги чуваат во тајност маските коишто ги подготвуваа во текот на целата година, но најавуваат многу сатира, креативност и одлична забава.


Рестораните и кафеаните се подготвени за да ги пречекаат илјадниците гости. Тие велат дека неодоливата вевчанска кујна и вкусното вевчанско вино несомнено ќе ве расположат и покрај ниските температури.


Искористете го продолжениот викенд за да го посетите овој несекојдневен настан, а воедно и да уживате во вевчанскиот крај цели 5 дена. Вевчанци како домаќини, ветуваат луд и незаборавен провод со многу хумор и сатира.

Вековната традиција и историја на Вевчанци вреди да се почувствува на Вевчанскиот карневал. Вевчани и Вевчанци се подготвени, а вие?

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …