(ВИДЕО+ФОТО) ГОЛЕМИ СТУДОВИ – Половина планета замрзната: Во САД автобуси се лизгаат на улиците, а снимката од Сибир ќе ве зачуди

Неверојатно видео од Јакутск на Сибир покажува дека дури и врели нудли можат да замрзнат за две минути на температури од 50 степени Целзиусови под нулата.

Русин свари тестенини и излегол на студеното време каде што стоел неколку минути, по што врелите нудли експресно се „скамениле“ од екстремниот студ.


Но, не е студено само на Сибир. Остра зима пристигна и во американската сојузна држава Минесота која е позната по студените зими и ниските температури. Во текот на викендот, јужните делови од оваа држава буквално се претвориле во мраз.
Температурите се спуштија под нулата, а тоа што е интересно е што времето е сепак потопло во овој регион од Америка од вообичаеното во оваа доба од годината.
Мразот се создава на тлото токму поради налетот на топлиот воздух, а на социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои може да се види како автобуси и автомобили неконтролирано се лизгаат на патиштата.


И тротоарите исто така се прекриени со мраз, па луѓето не мора да одат на лизгалиште, туку можат да се лизгаат и да се обидат да играат хокеј пред својот дом.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …