Вечерва во продажниот ликовен салон во КИЦ се отвора изложбата на Блашка Ми

Вечерва во продажниот ликовен салон во КИЦ во 20 часот ќе бидат изложени 15тина дела на Блашка Ми изработени во различна техника, акрил на хартија, акрил на платно, акварел на хартија, акварел на платно. Делата се дел од неколку различни циклуси, работени во последните 3 години.

Блашка Ми Eва родена 1986 година во Скопје. Завршено средно уметничко училиште на отсекот текстил и облека, а дипломирана на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство, со подотсек реставрација и конзервација на фрески и икони.


Учествувала на многубројни изложби во земјава и во странство. Реализирано неколку проекти за мозаик на јавен простор во неколку градови во Македонија. Досега има реализирано 10 самостојни изложби. Истотака работи современ дизајн на накит повеќе од 15 години. Живее и работи во Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 30.06.2023 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …