Замастениот црн дроб често нема симптоми, но лекарите откриле скриен сигнал што го испраќа телото

Како што сугерира името, заболувањето на замастен црн дроб е предизвикано од вишокот маснотии во црниот дроб. Познато и како незалкохолна масна болест на црниот дроб, може да има малку или никакви симптоми во најраните фази. Меѓутоа, како што напредува, може да предизвика повеќе оштетување на црниот дроб, што на крајот ќе резултира со одредени знаци, од кои еден е особено забележлив.

Имено, напредната масна болест на црниот дроб може да доведе до цироза, а еден од симптомите е особено забележлив при дефекацијата, велат лекарите. Имено, се работи за необична боја на урината. Според Клиниката во Кливленд, кафеава или портокалова урина е еден од симптомите на напредната масна болест на црниот дроб.


„Ова се случува кога во телото се акумулира премногу билирубин, супстанца која се создава при процесот на разградување на старите црвени крвни зрнца бидејќи црниот дроб не ги разградува како што треба, односно нормално“, објаснуваат експертите.

Вообичаени симптоми на замастен црн дроб во рана фаза вклучуваат губење на апетит, чувство на слабост или замор, гадење, треска и неочекувано губење на тежината.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објаснето од доктор – Колку сон е премногу: Зошто не треба да претерате со спиењето

Спиењето има бројни позитивни ефекти врз здравјето, но треба да имате на ум дека не …