Вечерва промоција на „Вештерките денес“ на Калиа Димитрова

Во Музејот на современа уметност денес, 27 април (петок) од 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Вештерките денес“ од Калиа Димитрова. Со книгата истовремено стартува новата едиција „300 ветрила!“ на издавачката куќа „Темплум“. Едицијата му е посветена на Огнен Чемерски.
„Вештерките денес е книга за жена, силовита, продорна, свежа, нежна, приемчива, заводлива, самосвесна и нималку климоглава ‒ баш како самата Калиа. Освен тоа, книгата има јасна дикција, непосреден израз и неприкриен активистички (општествен) ангажман“, стои во најавата за книгата.
Никола Гелевски, главниот уредник на „Темплум“, на промоцијата ќе зборува за новата едиција и за книгата.Тој за стилот на збирката на Димитрова вели дека е емотивно реалистичен, со нежни, ретки преплетувања на фантастични слики и евокации. „Јазикот на „Вештерките денес“ на моменти е колоквијален и „баналистички“, но интересно е што зад често слаткастата површина се кријат бруталистички замки. Дражеста на еднаш станува вражесна“.
На промоцијата во петок, актерката Кристина Леловац ќе прочита песни од стихозбирката.
Премиерно ќе биде прикажан и краткиотфилм „Вештерките денес“, во режија на Борјан Стојков, изработен според пет песни од збирката на Калиа.
По официјалниот дел од програмата ќе следи забава со музичка селекција на Ивана Низамовска.
Пријатели на настанот се КОМА – дизајнстудио, Музеј на современата уметност – Скопје, Министерство за култура, Винарија Тиквеш, Крин слаткарница, Бугати Бистро и Радио МОФ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …