Утре концерт на групата The Local Blue

Утре со почеток во 21:00 часот во La Kañ ќе има концерт групата The Local Blue!

The Local Blue се Кристијан Савиќ (гитара), Панде Ефтимов (бас), и Кристијан Новковски (тапани). Бенд кој свири многу интересен и специфичен инструментален хибрид помеѓу психоделичен рок, стоунер рок, спејс рок и пост рок. Тие во нивното досегашно постоење, имаат издадено два одлични албума за PMG Recordings: Project Blue Beam (2018) и 2nd Landing (2019).
Во сабота, покрај тоа што ќе свири со The Local Blue, Кристијан Новковски ќе се претстави со изложба на негови уметнички дела, кои ќе имате можност да ги купите на самиот настан. Името на неговиот уметнички проект е Beam Off Art (@beamoff.art).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …