25 години од смртта на македонскиот актер Ненад Стојановски

Ненад Стојановски беше македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Бил оженет со глумицата Силвија Стојановска и имале две ќерки Ана и Јана, кои денес се познати глумици во Македонија.

По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени.


Повеќе пати настапувал на Дубровничките и Сплитските летни игри, а учествувал и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.

Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.


Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.

Починал ненадејно на 14 јули 1998 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …