Утревечер во НОБ изведба на комичната опера „Рита“

Во вторник, 24 септември, 2019 г. со почеток во 20 часот, на малата сцена во Националната опера и балет ќе биде изведена комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен, но среќен завршеток.
Солистичка екипа ја сочинуваат: Александра Лазаровска Василевски како Рита, Јане Дунимаглоски, Кристијан Антовски и Борко Биџовски.
Режисер е Трајко Јордановски, а диригент Андрејa Наунов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …