(ВИДЕО) ЧУДО – ДЕВОЈКА ПЛАЧЕ КРИСТАЛИ НАМЕСТО СОЛЗИ: Лекарите не можат да и постават дијагноза

Неверојатната офталмолошка состојба на Ерменката ги кренала на нозе лекарите ширум светот.
Една Ерменка буквално лие кристали наместо солзи, па затоа не е изненадувачки што лекарите се изненадени од оваа состојба и никој сè уште не може да ја дијагностицира.
Дваесет и двегодишната Сатеник Каразијан од Ширак, Ерменија, пред само два месеци почнала да ги чувствува своите први симптоми.
Сега, Сатник произведува 50. кристали на ден, а неколку офталмолози не биле во можност да и постават дијагноза или да ја лекуваат.


„Секој ден поминувам низ пеколот“, признала девојката за ерменските медиуми, додавајќи дека некои лекари не и верувале, додека други и препишале антибиотици за неа што немаат никаква врска со нејзината состојба.
На помош пристапило и ерменското Министерство за здравство, а еден од најголемите експерти за офталмологија веќе се сретнал со пациентката, а кристалите од нејзините очи се испратени на анализи за да се утврди дијагнозата, што сè уште не е познато.


Екран.мк/Sputnik
Фото: Printscreen, Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …