Утре во Театар за деца и младинци премиера на СУПЕРБАЈКАСТИЧНО

„А како поинаку ќе ги стекнеме тие навики, освен со секој дневно повторување на работите како рециклирање, селектирање отпад, што помалку користење на пластика и така натаму. Во оваа наша најнова претстава преку многу игра и хумор се обидуваме да го доближиме тој современ начин на живеење кој треба да ни е секојдневие. Особено сум среќна што сум дел од претставата СУПЕРБАЈКАСТИЧНО, зашто сего во криза нашето еко освестување“, вели Илиевска Силјановска.


Актерот Мартин Јорданоски во проектот исто така толкува неколку ролји. За него е многу важно што СУПЕРБАЈКАСТИЧНО не` учи сите нас за колку е вредна и важна природата, а не материјалното.

„Живееме брзо време во кое забораваме на правите и вистинските вредности. Да се потрудиме да ја зачуваме природата. На тоа не учи оваа претстава. Не е најважен мобилниот телефон, ниту пак парите имаат најголема вредност. Најважно е ние да сме луѓе. Да се сакаме сите и да си помагаме. Има вредност Сонцето кое ти се насмевнува. Има вредност мирисот на дождот и птиците кои пеат. Само љубовта и грижата према другите може да не спаси!“ вели Мартин Јорданоски.


Марија Ѓорѓијовска, која толкува три ликови вели дека истите колку и да се смешни, пренесуваат силни пораки за децата и возрасните.


„Моите ликови што јас ги толкувам се навидум смешни и забавни, во форма на шише, медуза и банана, ново суштина пренесуваат силна порака кон децата и возрасните за нашата негрижа кон животната средина“, вели Ѓорѓијовска.

Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите ги дизајнираше Елена Вангеловска, автор на музиката е Оливер Јосифовски, маскотите се дело на Маре Трајковска, а корегорафијата на Дафина Даниловска – Кочевска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Атакама“ од црногорскиот писател Никола Николиќ

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, во рамките …