Успешно реализиран проектот „ИНТЕГРАЦИЈА НА ИМИГРАНТИ ВО ОПШТЕСТВОТО ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ со гости од Полска, Романија, Турција и Италија

Во рамките на интернационалниот проект „Интеграција на имигранти во општеството преку иновативнипристапи во образованието“ од програмата на Еразмус + во периодот од 13до 19 Март оваа година во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ се одржа мобилноста Ц4 на темата „Превртена училница“.

Во проектот учествуваат и училишта од Полска, Романија, Италија и Турција кои овојпат беа наши гости. Темата на наведената мобилност вклучува дигитализација во образованието и иновативен пристап во наставата преку методот „Превртена училница“. При реализацијата на мобилноста беа вклучени ученици од училиштето кои извршија вовед во самата тематика, како и симулација на методот. Наставниот кадар во училиштето изврши презентација на: „Разликите помеѓу традиционалниот тип на наставата и Превртена училница“, „Како да се реализира методот Превртена училница“, „Соодветни апликации за користење на Превртена училница“, „Како се изработува наставен план за реализација на Превртена училница“, „Придобивки и недостатоци на Превртена училница“ и многу други.


This image has an empty alt attribute; its file name is imigranti-2.jpg

Реализираните активностии работилници вклучуваа активно учество на сите учесници не само од Македонија, туку и на гостите, кои ќе бидат од големо значење во наставата која вклучува ученици од сите социо-културни групи, како и вклучувањето на мигранти во наставата. За состојбата со миграцијата и мигрантите во Р. С. Македонија учесниците во проектот имаа можност да се запознаат преку „Црвен Крст на Република Северна Македонија“ кои несебично ги споделија своите искуства и очекуваните предизвици со новонастанатата состојба со миграцијата.


This image has an empty alt attribute; its file name is imigranti-1.jpg

Покрај работилниците и придобивките од целокупната мобилност гостите од Полска, Романија, Турција и Италијабеа импресионирани од природните убавини на Македонијаи воодушевени од Кањонот Матка, Старата Скопска чаршија инашиот бисер Охрид со сите негови раскошни убавини.Ова беше втора мобилност во рамките на проектот, а останатите 3 ќе се спроведат во Италија, Романија и Турција.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …