Во издание на „Македоника литера“ НОВА КНИГА на Киро Донев која денес ќе биде промовирана со Струмица

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ деновиве ја објави книгата на Киро Донев „Моите приказни“, којашто претставува избор од неговите раскази, а публикувањето се совпаѓа со 80-тиот роденден на Киро Донев и 55-годишнината од публикувањето на неговата прва книга.
Книгата ќе биде претставена денес, на 22 март (вторник), во 12. часот, во Домот за деца и млади „Благој Мучето“ во Струмица, кој по истите поводи организира пладневна роденденска средба со Киро Донев. Притоа, пред читателите ќе биде претставена и специјалната серија на изданието од 80. примероци, што симболично го одразува 80-тиот роденден на Киро Донев.

This image has an empty alt attribute; its file name is Kiro-Donev-Moite-prikazni_KORICA_predna.jpg
Книгата „Моите приказни“ содржи 80. раскази и претставува избор од неговите книги со раскази. Почнува со неговата автобиографска приказна, а е поделена во неколку целини: „Од дневникот на Зорка Сештозбрка“, „Од дневникот на Васко Пикаско“, „Дарко во зоо паркот“, „Приказни од куќичката на дрво“ и „Приказни за годишните времиња“.
Киро Донев е меѓу најчитаните и најпреведуваните македонски писатели за деца. Досега се публикувани близу 50. негови книги, а „Моите приказни“ е десетта негова авторска книга објавена од „Македоника литера“.


This image has an empty alt attribute; its file name is Kiro-Donev-Moite-prikazni_KORICA_za-pecat.jpg
Киро Донев е познат и широко прифатен од младите читатели по инвентивниот хумор и ведрината во неговото творештво. Неговиот препознатлив хумор ја брише границата меѓу хуморот наменет за најмладите и за возрасните читатели.
За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици.
Живее во родното Моноспитово, Струмичко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …