Цветанка Ласкова остави пакетчиња под елките на хуманоста во „Сити мол“

Фолк-пејачкaта и советничка за култура на премиерот Заев, Цветанка Ласкова, се придружи на хуманитарната акција во „Сити мол“ и донираше 40. пакетчиња под 12.тте елки кои претставуваат 12. медиуми. Секој медиум избра по едно социјално загрозено семејство кому ќе му ги даде подароците оставени под елките.
Форумот на жени на СДСМ се приклучи на Новогодишна хуманитарна акција „12 елки – 12 медиумски приказни“, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со 12 медиуми од Македонија, во која им се помага на 12 социјално загрозени семејства.
Овој хуман гест има за цел да ја подигне свеста на граѓаните и истовремено да ги мотивира и поттикне да донираат новогодишни подароци за деца од социјално загрозени семејства.
„Се приклучивме на оваа акција со цел да ги израдуваме најмладите во овие 12. социјално загрозени семејства и да им посакаме здравје и среќа во новата 2018. година“, рече Ласкова.

Хуманитарната акција „12 елки-12 медиумски приказни“ почна на 18. декември, а граѓаните ќе имаат можност да донираат средства за социјално загрозени семејства до 4. јануари. Досега се собрани вкупно 135. подароци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …