(ФОТО Црвениот килим на 72. Кански филмски фестивал повторно изненади но не шокира!

Со премиерата на комедијата „Мртвите не умираат“ на американскиот режисер Џим Џармуш, синоќа беше отворен 72. Меѓународен филмски фестивал во Кан. Жирито овојпат го предводи мексиканскиот режисер и оскаровец – Алехандро Ињариту.

Во зомби-комедијата, глумат Адам Драјвер, Бил Мјури и Тилда Свинтон.


Отворањето на Фестивалот го обележа и страсниот говор на Ињариту за плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико, индиректно споредувајќи ги со нацистичката реторика од 30-тите години во 20 век.


Забележтелно беше и празното столче со натпис „Агнес В” (за Варда), во чест на француската филмска режисерка родена во Белгија, која почина во март годинава, на 90 години. На отворањето беше изведена и песната „Without You“ од нејзиниот филм „Клео од 5 до 7″.


Свое деби на фестивалот ќе имаат и филмот на Квентин Тарантино – „Си беше еднаш во Холивуд“, како и биографскот филм за Елтон Џон, „Рокетмен“.

Лани во Кан, 82 жени протестираа поради нееднаквост на половите на славниот фестивалски црвен тепих, поради што уметничкиот директор Тјери Фремо вети поттикнување полова рамноправност.

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …