Тридневна прогноза: Снегот нема да не „напушти“

Во утринските часови од среда сеуште ќе има врнежи од дожд, а во крајниот западен и крајниот источен регион, претежно од снег. Но во текот на претпладнето од среда ќе има намалување на облачноста и генерално суво време. Температурата ќе биде за нијанса повисока за разика од вторник. Ќе дува умерен северен ветер.
Нови врнежи ќе има во четврток. Ќе започнат претпладне, а ќе се интензивираат во текот на попладнето, особено во јужниот регион.
Снежната граница претпладне ќе биде до висина од околу 600 метри, но во текот на попладнето и вечерта истата ќе се спушти до околу 300 метри во северните и западните делови од земјата. Со тоа во споменатите региони речиси насекаде во пониските делови ќе има врнежи од снег.
Но, врнежите ќе престанат во раните утрински часови од петок, што ќе спречи формирање на значајна снежна покривка.
Температурата в четврток ќе има максимална вредност помеѓу 1°С и 4°С во котлините од северниот и западниот регион. Во југоисточниот крај очекуваме максимална температура околу 6°С.
Особено внимавајте во четврток доколку планирате да патувате преку планинските превои. Се очекува снежната покривка да направи дополнителни проблеми во одвивање на сообраќајот, најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …