Блејк Лавли е една од омилените холивудски актерки, а русокосата убавица ја запознавме најдобро преку улогата на Серена ван дер Вудсен во хит серијата “Gossip Girl”.
Токму како и нејзиниот лик во серијата, и во реалниот живот таа воодушевува со својот стил. Неодамна, Лавли нè воодушеви со одличната линија која ја покажала на Инстаграм.
“Изгледа дека можеш да изгубиш 27 килограми, наталожени во текот на бременоста, прегледувајќи фотографии на Инстаграм и прашувајќи се зошто не изгледаш како бикини модел”, напишала во свој стил на фотографијата на која позира со нејзиниот личен тренер.По она што можеме да го забележиме, убавата актерка изгледа како вистински бикини модел, а бројните обожавателки велат дека таа е вистинска инспирација бидејќи е одличен доказ дека жените денес можат да имаат време за се’, само треба да имаат желба за тоа.