Топло со сонце или ладно: Еве какво време се најавува за наредните 5. дена

Сонцето во пладневните часови сеуште убаво не грее, но затоа утрата и вечерите се ладни – еве какво време најавуваат од УХМР за наредните пет дена…
Денес (петок) во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Преку денот ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од 13.до 19. степени.
За утре (сабота) се најавува сончево со слаб југоисточен ветер. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено на југозападот. Утринските температури ќе се движат од -1 до 4, а дневните од 12 до 20. степени.
За недела наутро се најавуваат услови за појава на магла и ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минимална температура: -2°C до 5°C. Максимална температура: 13°C до 20°C.
Во понеделник, првиот ден во ноември, наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Потоа ќе е претежно сончево со мала до умерена, а попладне со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе биде ветровито и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минимална температура: -1°C до 6°C. Максимална температура: 13°C до 18°C.
Во вторник се очекуваат утра со појава на магла и ниска облачност и врнежи од дожд кои до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен претежно југоисточен ветер. Минимална температура: -1°C до 6°C. Максимална температура: 13°C до 18°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …