Во недела почнува зимското сметање на времето – наместете ги часовниците!

Зимското сметање на времето почнува во недела во 03:00 часот со поместување на времето за еден час наназад, сметајќи се како 02:00 часот, информираат од Бирото за метеорологија.
Летното сметање на времето во 2021 година се завршува на 31. октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот се смета како 02:00 часот.
– Часот кој на 31 октомври 2021 годинa, поради поместувањето за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 02:00 и 03:00 часот се означува првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, се вели во соопштението од Бирото за метеорологија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …