ТЛОТО СЕШТЕ НЕ СЕ СМИРУВА – ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ И АЛБАНИЈА: Јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала! Се почувствувал и во Охрид и на Преспанското Езеро

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 11:57 часот во реонот на албанскиот град Елбасан е почувствуван и во Македонија – во Преспа, Охрид и околината.
Сеизмолошката опсерваторија во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од главниот град на Македонија во областа Елбасан, со магнитуда од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на многу мала длабочина од два километри, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан и 10 километри југо-југоисточно од градот Либражд.
Земјотрес од 3,0 до 3,9 степени според Рихтеровата скала може да почувствуваат луѓе, но многу ретко предизвикува штета. Годишно во светот се случуваат повеќе од 100.000 вакви земјотреси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …