Фотографија која го обиколи светот: Сестра го чува својот брат под урнатините во Сирија

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција пред три дена и беше почувствуван во голем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Големата спасувачка операција се уште е во тек. Последните податоци покажуваат дека во земјотресот се уништени најмалку 2.818 згради.
Целиот свет има можност да ги види шокантните фотографии од спасувањето, како и извлекувањето на луѓето кои не го преживеале земјотресот. Бројот на жртви се искачи на над 19.000.
Во овие исклучително тешки моменти на социјалните мрежи се појави фотографија која го обиколи светот. Имено, во срушените згради во Сирија, сестрата го чувала својот помал брат да не се повреди.


– Седумгодишното девојче кое 17 часа ја држеше раката на главата на својот помал брат додека беа под урнатините, успешно е спасено. Гледам дека никој не споделува. Да беше мртва, сите ќе споделеа! Споделете го позитивното…, стои во описот на фотографијата на корисникот на социјалната мрежа Твитер.
Девојчето се вика Маријам и нежно ја гали косата на својот помал брат додека лежат згрчени во нешто што личи на остатоци од кревет. Седумгодишно девојче и нејзиниот помлад брат биле заробени повеќе од 17 часа.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) АМЕРИКАНСКИ ДОКТОР (79) ОТКРИЛ 5 ПРАВИЛА ШТО ГИ СЛЕДИ И ГАРАНТИРА ДЕКА ГО ЧУВААТ ДОБРОТО ЗДРАВЈЕ И НЕРВИТЕ: „Немам оправдување да кажам дека имам лош ден бидејќи јас сум одговорен за мојот ден“

Џефри Бленд, американски лекар и основач на Институтот за функционална медицина, целата своја кариера ја …