Тијана е позната како пејачка со ведар дух, а на снимањето на „ТЛЗП“ најмногу се дружела со Мира Шкориќ, но и дека многу добро се забавува…
„Ние две воопшто не зборуваме за естрадата , туку за децата, здравјето…Немаме многу време да ги озборувме колегите и да зборуваме за нив,тоа навистина не не интересира. Многу поважни ни се нашите, приватни теми“ рекла пејачката и признала дека за сиве овие години на естрадата сешто се нагледала и наслушала.
„Но, тоа не е за медиумите. Сешто видов. Буквално – баш сешто. Тоа не е за раскажување. Замислете што се’ сум видела па сум решила да го избришам од меморијата.И тоа се учи со време, дека некои работи едноставно мораш да избришеш, рекла Тијана која бележи многу успеси во „Твоето лице звучи познато“, српски курир.
Тијана вели дека најлудата работа која ја направила во животот била промената на државата во која живее.
„Мислам дека најлудо е тоа што поради љубов ја променив државата, но никогаш не се покајав поради тоа. Тоа беше пред 17. години и тоа го сметам за најголема лудост. Да се разбереме тоа е на 400. километри од тука. Немав претерани проблеми да се вклопам. Единствено што ми недостасуваат семејството и внуката“ вели пејачката која признава дека е перфеционист и дека тоа најмногу ја нервира, како и луѓето во нејзината околина.
„Имам проблем што ме нервираат ситници, односно, болно сум педантна. Значи, капки во бањата не смеат да се видат, ако видам трошка е веќе опасна ситуација. Мојот сопруг се навикна на тоа, увиде колку е часот, па ги прифати сите мои лудории“ заклучува Тијана.